До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Арсенал и Манчестер Јунајтед доживеа хорор повреда во текот на мечот со Акхисар Беледиеспор.
Фенер славеше на гостувањето, ван Перси го постигна првиот гол на мечот во 26 минута, но поради повреда мораше да го напушти теренот во 39 минута.
Тој имено после неколку дуели на работ на казнетиот простор на гостите заврши на земја, се испостави дека доби удар во левото око.
Најлошите можни вести стигнаа после натпреварот, според наводите на лекарите голема е веројатноста дека Холанѓанецот повеќе нема да прогледа на левото око!
Имено, леќата на окото е целосно оштетена!
Медиумите се преплавени со слики на Ван Перси со крваво лице и превез околу окото, а невеверојатно е дека на итната помош беше потребно 15 минути да дојде до стадионот.
https://www.youtube.com/watch?v=JPA7t9tJRXo
https://www.youtube.com/watch?v=tx7pH1b8-TA















