Мурињо за суспензијата: Го направив тоа што морав


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа денеска во гости кај Свонси со 3:1 во рамките на Премиер лигата.

    На Црвените ѓаволи денеска не недостасуваше многу помошта на Жозе Мурињо кој поради казна на ФА мораше мечот во Велс да го следи од трибините.

    Посебниот после мечот порача дека тоа не му претставуваше проблем и дека олеснителна околност беше тоа што можеше да комуницира со асистентот.

    „Го направив тоа што морав. Направив неколку промени, пренесов преку пораки што сакав да кажам на тимот и бев во соблекувалната пред почетокот на мечот и во текот на полувремето. Една работа е кога ќе ве суспендираат, а да не смеете да комуницирате со асистентот, а кога смеете да комуницирате, тогаш тоа е друга работа“, рече Мурињо, па се наврати на играта на Ибрахимовиќ.

    „Напаѓачот не е бескорисен ако не постигнува голови. Доколку не постигнува голови и не работи ништо за тимот, тогаш е бескорисен, но дококу не постигнува голови, а работи се останато, тогаш е многу важен. Значи, работеше многу важни работи и не бев загрижен. Денеска ни требаа голови и тој ги постигна“.