Јувентус на чекор од ангажирање на големо засилување


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Трансферот на Родриго Бентакур во Јувентус е многу блиску до реализација. Медиумите тврдат дека условите меѓу Старата дама и Бока Јуниорс се договорени, и цената повеќе апсолутно не е пречка.

    Наводно останаа само уште поедини детали околу договорот на одличниот играч за врска. Уругваецот така од следното лето треба и официјално да стане член на шампионот на Италија.

    Се дознава дека Торинезите за неговиот ангажман ќе издвојат 9.4 милиони евра, додека на аргентинскиот клуб ќе припаднат и дури 50 % од наредниот трансфер.

    Се очекува последните детали да бидат усогласени наскоро, а постои можност за младиот играч за врска веќе во јануари да се приклучи на Старата тама.

    Сепак, голема е веројатноата дека овој трансфер ќе се реализира на лето 2017 година.