До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Претседателот Флорентино Перез беше пресреќен…
„Во 114 годишната историја на клубот изградивме идентитет и препознатливи сме во целиот свет. Од великани како Ди Стефано и Генто до денес, играчите се наша голема вредност. Бернабе би бил горд“.
Наследник на тие големи династии, кои ја одбележаа својата ера, е и Кристијано. Ги разбудуваш емоциите кај милиони луѓе, во тебе се разбудуваат соништата, икона на клубот со 11 трофеи европски шампион, симбол на најголемиот клуб во историјата на фудбалот. Со саканиот Реал оствари се. Легенда си, најголем стрелец во историјата на клубот“.
„После се што направи во оваа година, фер би било да ја добиеш својата четврта Златна топка“.
„Кога стигна во 2009 година, знаевме дека си единствен. Но, не е тоа се: незаситен си за трофеи, неуморен и затоа Реал сака да останеш во клубот. Драг Кристијано, ќе дојдат уште трофеи и понатака ќе ги исполнуваш своите навивачи. Живот има пред и после Кристијано. Приказната за Реал и Кристијано вечно заедно! Честитам!“:
А тогаш збор доби и Роналдо:
„Посебен ден за мене, многу важен, поради поврзаноста со Реал, клубот кој ми е во срцето. И да појаснам: овој петгодишен договор ми е претпоследен!“.
„Не ни сонував дека ќе ги остварам соновите во клубот од моите соништа. И сакам да продолжувам да пишувам историја, ќе давам се за овој дрес и сигурен сум дека во наредните пет години ќе освојувам трофеи, ќе победувам, ќе постигнувам голови…“.
„Сакам да играм до 41 година. Ди Стефано е легенда, ми рече “Ти си шампион, само продолжи вака, најголем си! Гордост ми е што имам таков однос со него“.
„Бројките се импресивни, не го очекував тоа, а сега сакам да продолжам да пишувам историја и сеуште ќе учам бидејќи фудбалот ќе те научи на толку работи“.
„Критики? Овој ден е посебен па не сакам да зборувам за тоа. Во мајчините очи гледам посебен сјај. Не е толку важно да постигнеш гол или не. Нормално дека малку ќе потонеш ако не постигнеш, но тоа е во ред. Сите имаме добри и лоши моменти. Но ова е најдобар момент во животот! Сон е потпишување на нов договор после таквата сезона“.
„Освојувањето на Евро беше благодарение на сите луѓе во Португалија, го заслуживме тоа. И не размислувам за репрезентативна пензија, од 18 години сум во репрезентацијата, поминав со Португалија добри и лоши моменти“.
„500 голови? Никогаш не мислев дека ќе го поминам Раул, па го поминав. И 500 голови е можно, но не сум опседнат со тоа. Головите се супер, се посветувам на тимот, но важна е екипата“.
„Што и да работам во животот, секогаш ќе бидам врзам за Реал. Се надевам дека ќе бидам во клубот и за 30 години“.
“Најмногу ми помагаше фамилијата, па соиграчите и луѓето кои го сакаат Кристијано. Напредував како играч и човек“.
Најдобри моменти во годината? Освојувањето на Лигата на шампионите, Евро и овој ден“.
„Со навивачите имам добар однос. Има добри и лоши денови, но тоа е животот, секогаш мораш да ја држиш главата горе“!.















