До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Португалецот во ова лето Франција ја замени со Германија, а призна дека го одбил каталонскиот гифант пред да заврши во редовите на Борусија од Дортмунд.
Фудбалер на Борусија од Дортмунд Рафаел Гереиро рече денеска дека одбил понуда од Барселона со цел да премине во редовите на германскиот тим.
„Да се каже не на Барселона беше многу тешка одлука. Но, дојде момент кога морав да донесам одлука, а понудата која ми ја испрати Борусија беше најубедлива“, рече Португалецот за Канал+.
Гереиро во Борусија дојде во оваа година од Лориен.
„Беше важно за во оваа сезона да играм редовно со цел да продолжам да се развивам. Имав среќа за во Германија да ми оди многу добро“, додаде Гереиро.
Тој наведе дека во минатата сезона го одби Пари Сен Жермен и се одлучи да остане во Лориен.
„Заслужив да играм што е повеќе можно пред ЕП. Тоа беше клучна одлука која ми донесе да бидам дел од репрезентацијата на Португалија која го освои ЕВРО“, рече Гереиро.















