„Меси секоја година заслужува да ја освои Златната топка“


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Фудбалерот на Барселона Лионел Меси би ја освојувал Златната топка секоја година ако тоа признание се доделува на најдобриот играч на светот, рече денеска дефанзивецот на каталонскиот клуб Џерард Пике.

    Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) секоја година ја доделува Златната топка за најдобар фудбалер на светот, а Меси досега четири пати го освои тоа признание. Тој беше најдобар во 2010, 2011, 2012 година, потоа Кристијано Роналдо два пати го освои признанието, а во минатата година повторно ја освои Меси.

    Пике го сакаат навивачите на Барселона, поради тоа што ги освои сите трофеи со тој клуб и секогаш истакнуваше дека е горд што игра за клубот кој го сака од мали нозе, но и затоа што јавно ја поддржува независноста на Каталонија и периодично го критикува големиот ривал Реал Мадрид.

    Тој беше еден од најважните играчи во успесите на репрезентацијата на Шпанија меѓу 2008 и 2012 година, но дел од домашните навивачи секогаш му свират, воглавно навивачи на Реал. Пике поради тоа најави дека ќе се повлече од државниот тим после СП во Русија во 2018 година.

    Барселона во неделата ја победи Севиља со пресврт од 2:1. Меси го постигна израмнувачкиот гол и асистираше на Луис Суарез кај победничкиот.

    „Да се доделува Златната топка на најдобриот фудбалер на светот Лео (Меси) би ја освојувал секој пат од 2009 година. Тој е на некое друго ниво“, напиша Пике на својот Твитер профил.

    Освен ФИФА наградата ,која се доделува од 2010 година, Меси и Роналдо освоија и по една наградата кога Златната топка ја доделува Франс Фудбал.

    Според пишувањата на медиумите, Роналдо е фаворит за освојувањето на Златната топка која ФИФА ја доделува во јануари, поради тоа што во минатата сезона ја освои ЛШ со Реал и ЕП во Португалија.

    Меси со репрезентацијата на Аргентина загуби во финалето на Копа Америка.