До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Унај Емери му окажа шанса во оваа сезона, беше на излезните врати на клубот, сега е јасно дека сепак нема да ја менува средината.
Фудбалерот на Пари Сен Жермен Преснел Кемпембе го продолжи договорот со клубот за уште три години, до 2021 година.
Овој 21-годишен стопер ги помина младинските селекции на ПСЖ, а во оваа сезона забележа седум настапи за првиот тим.
Поради сигурните настапи доби повик за репрезентацијата на Франција, иако сеуште не го забележа првиот настап.
„Продолжување на договорот со клубот во кој го научив занаетот ми донесува многу радости. Овде сум откако бев навистина мал, па така ова продолжување многу ми значи“, рече Кимпембе.
Соевремено важеше за желба на Ливерпул и Евертон, но сега е јасно дека кариерата ќе ја продолжи на Паркот на Принцевите.















