До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Капитенот на нашата ракометна репрезентација како и секогаш ја презеде одговорноста во името на тимот и призна дека колективот Македонија потфрли на гостувањето во Плзен против Чешка.
„Одигравме разочарувачки, потфрливме во сите аспекти на играта, напад, одбрана, голмани. Секогаш се случува истото против Чешка. Домаќините тргнуваат фуриозно и создаваат добра предност. Знаевме дека тоа не очекува, но очигледно е дека не ја научивме лекцијата и му дозволивме на противникот да доминира и да стигне до посакуваната убедлива победа. Разочарани сме, но сметам дека треба да се остави страстите да стивнат пред да се повлечат конкретни потези. Во фаза сме на промени во репрезентацијата, а тие промени не се реализираат лесно. Свесни сме дека денеска одигравме далеку под своите можности, но верувам дека оваа репрезентација поседува потенцијал што ќе го покаже во иднина”, изјави Лазаров.
Нашиот капитен постигна 9 гола во поразот во Плзен, што заедно со 12 против Украина потврдуваат дека капитенот повторно беше наша ударна игра и на почетокот на овие квалификации.















