Готово – Напаѓач го потврди трансферот во Милан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што беше најавено, напаѓачот на Пескара е нов фудбалер на Милан.

Џанлука Лападула стигна во Милано каде ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише долгогодишен договор.

Според Џанлука Ди Марцио клубот од Сан Сиро за неговите услуги ќе издвои 10 милиони евра.

„Тоа беше трансфер кој двете страни го посакуваа. Многу сум среќен и благодарен на извршниот директор Галијани и претседателот Берлускони“, изјави Лападула.

Во текот на овој ден тој и официјално ќе биде претставен како фудбалер на Милан.

Лападула има 26 години, минатата сезона потигна 27 погодоци за Пескара и беше најдобар стрелец во Серија Б.