Дортмунд подготува сензација: Неверојатно засилување за Милионерите


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Олимпискиот шампион Усеин Болт наскоро треба да тренира со фудбалерите на Борусија од Дортмунд.

    Набрзиот човек на светот има желба да стане фудбалер и наголемо бара клуб во кој ќе добие шанса да ги покаже своите вештини, а преговорите со раководството на Борусија Дортмунд веќе наголемо траат.

    „Сакам кариера професинален фудбалер и преговарам со Борусија да почнам да тренитам во тој клуб. Ќе видеме како работите ќе се одвиваат, но сум во постојан контакт со луѓето од Дортмунд“, изјави Болт и додаде:

    „Тоа не значи дека прекинав да бидам страствен навивач на Манчестер Јунајтед, и ако успеам да заиграм во дресот на Ѓаволите тоа за мене ќе биде исполнување на сите соништа“, подвлече 30-годишниот Јамајкчанец.