До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Германскиот стратег го означи фудбалерот на Блауграната како примарна мета на тимот во наредниот период.
Пишувавме денеска дека Редсите може да останат без едно посакувано засилување, повеќе за тоа ТУКА.
Сепак, за навивачите на Ливерпул да не се грижат, управата на нивниот клуб вредно работат, на Енфилд наскоро може да стигне „капиталец“.
Имено, Ливерпул ја следи ситуацијата со фудбалерот на Барселона Арда Туран.
Турскиот фудбалер беше редовен на стартот на сезоната, но беше јасно дека ќе го загуби местото штом ќе се врати Нејмар. Тоа и се случи, поранешниот играч за врска на Атлетико има се помалку шанси на Ноу Камп.
Се тоа самиот фудбалер може да го натераат да ги разгледа другите опции, нема сомнеж дека Ливерпул ќе биде многу примамлив.
Конечно се активни во борбата за титула, моментално се и први на табелата, со Клоп се делува како подмачкано, а парите секако не претставуваат проблем.
Значи, Туран лесно може да заврши на Енфилд, можеби веќе во зимскиот преоден рок.















