Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Иако „меркатото“ е официјално затворен, во поголем дел од лигите можат да се ангажираат слободни играчи. Иако на прв поглед се чини дека после три месеци од почетокот на европските лиги на пазарот нема премногу интересни играчи, вистината е сосема подруга. Играчи има, а ние составивме екипа која ќе биде интересно да ја видиме и заедно, а не поединечно во некои клубови.
Владимир Габулов
Овој 33-годишен голман запиша и 10 настапи за репрезентацијата на Русија. Во текот на кариерата настапуваше замо за руски клубови, а слободен е после што му истече договорот со Динамо од Москва. Трансфермаркт го проценува на 2.5 милиони евра.
Марко Мота
Играше за Аталанта, Удинезе, Торино, Рома, Јувентус, Катанија, Болоња, Џенова, Вотфорд и Чарлтон, запиша и еден настап за сениорската репрезентација на Италија за која играше и на Олимписките игри во 2008 година. Со 30 години уште може да помогне на многу екипи, а ако не добие вистинска шанса ќе се одлучи да работи во медиумите. Се проценува на 750 000 евра.
Мартин Касерес
Повредата на Ахиловата тетива практично ја уништи кариерата на овој 29-годишен Уругваец. Тој сеуште не дја донесе конечната одлука за пензија, а последниот клуб кој се споменува како негов потенцијален клуб беше Бешикташ. Се проценува на 5 милиони евра.
Фелипе Сантана
Убава кариера имаше овој 30-годишен. После почетокот во Фигуеренсе, следеше Борусија Дортмунд, Шалке, Олимпијакос и Кубан, а во Русија доби повреда поради која во ова лето беше надвор од комбинација.
Сега е здрав, тренира со Фигуеренсе и чека европска понуда. Ако не дојде, ќе се одлучи од јануари да игра за матичниот клуб. Проценет е на 2 милиони евра.
Кевин Констант
Овој 29-годишен репрезентативец на Гвинеја некогаш беше прогласуван за голем талент на францускиот фудбал.
Играше за младите селекции на Франција а после се одлучи за Гвинеја, а најпознат настан во неговата кариера е напуштањето на едне натпревар на Милан каде што беше расистички навредуван од трибините.
Последен клуб му беше Болоња, а во ова лето се споменуаше како засилување на Сент Етјен и Вест Хем, но ниту еден клуб не успеа да се увери во физичката сила за најголемите напори. Вреди 1.8 милиони евра.
Раул Меирелеш
Играше за Порто, Ливерпул, Челси и Фенербахче, запиша 73 настапи и 10 голови за репрезентацијата на Португалија, а со 33 години сеуште може да пружи доста на својата позиција.
Се споменуваше во ова лето во контекст со разни клубови, а најголем фаворит за неговиот потпис беше Борнмут, но од тоа не беше ништо. Вреди, 1.25 милиони евра.
Фаусто Роси
Можеби некои полесно ќе се одлучат на оваа позиција да стават некој од искусните ветерани без клуб, а кандидати се, да речеме, Кевин Нолан, Џо Бартон или Сулеј Мунтари, ние се одлучивме на доста помлад, 25-годишниот Италијанец Фаусто Роси.
Овој некогаш беше голема надеж на италијанскиот фудбал – запиша дури 24 настапи за У21 репрезентацијата на својата земја, Јувентус, за 1.7 милиони евра го доведе од Винченца, но никогаш не доби шанса во редовите на Старата дама.
Следеа позајмици (Бреша, Ваљадолид, Кордоба, Про Версели), а во ова лето се споменуваше негово заминување во американската МЛС лига. Но сеуште е без клуб. Се проценува на 1.7 милиони евра.
Џеферсон Фарфан
Размислувавме на оваа позиција можеби да го внесеме Чарлс Н Зогби, но сепак се одлучивме на Фарфан бидеjќи Н Зогби има големи проблеми со повредите поради што е под знак прашање продолжување на кариерата.
Фарфан е моментално слободен играч бидејќи Ал Џазира го раскина договорот со него поради непочитување на некои услови од договорот. Во ова лето се споменуваше негово доаѓање во Севиља, но Перуанецот и понатака е без клуб.
Тој моментално е највреден играч без клуб, проценет е на 7 милиони евра.
Роналдињо
Постојат некои помлади играчи на оваа позиција, кои многу веројатно ќе заиграат во оваа сезона отколку бразилскиот маестро, но не можеме да ја составиме оваа екипа без Роналдињо кој игра по некој ревијален натпоревар и секој пат воодушевува со своите потези. Нее важно колку вреди, но да напомене дека тоа е 1.5 милиони евра.
Закарија Лабјад
Ова моме има само 23 години, а некогаш беше прогласуван за голем талент на холандскиот фудбал. Кариерата ја почна во ПСВ, имаше понуда и од Челси, но се одлучи на Спортинг од Лисабон.
Во Португалија не се снајде баш најдобро, играше малку или никако па Спортинг го испраќаше на позајмица во Витезе и Фулам. Во ова лето му истече договорот, Спортинг не му понуди нов, а играчот со 3 настапи за репрезентацијата на Мароко и понатака е на пазарот. По трансфермаркт вреди 2 милиони евра.
Емануел Адебајор
Во кариерата на овој Тоганец се тргна по лошо кога Тотенхем се одлучи дека повеќе не му требаат неговите услуги. Адебајор тоа го прифати, но не сакаше да прифати на никаква опција по која ќе му се исплатат помалку пари од договореното па доста долго беше без клуб.
На крајот на минатата сезона, пак, дојде во Кристал Палас, а сега сеуште нема ангажман. Беше во преговори со Лион, но францускиот клуб се откажа поради нереални барања на играчот кој, очигледно, повеќе баш и не сака да игра.
Неговата проценета вредност е 2.5 милиони евра.