Де Бур проговори за состојбата во Интер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Франк де Бур после неколку месеци доби отказ во екипата на Интер, а сега проговори за состојбата во тој клуб.

Де Бур со Интер се раздели само по 85 дена соработка, а денеска како слободен тренер истакна дека на Џузепе Меаца главен проблем е тоа што никој нема реална моќ над миланскиот сопственик.

„Ситуацијата е едноставна. Кинезите се сопственици на клубот, претседателот е од Индонезија, а бордот на директори го сочинуваат Италијани. Сите имаат власт, а всушност никој ја нема таа реална моќ. Тоа е најголем проблем во Интер“, рече Де Бур.

Се наврати Де Бур и на моменталната ситуација во Серија А. Интер на табелата е дури на осмото место.

„Сите сакаат Интер да се врати на врвот, но за тоа е потребно време. Погледнете го Наполи, кој сега игра во ЛШ, а им требаше осум години да дојде на тоа ниво. Во Интер сите тоа го сакаат за две недели, а тоа едноставно не е можно“, истакна некогашниот тренер на Ајакс.