На повидок е сензационален трансфер кој ќе постави нови граници во светот на фудбалот


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Кинескиот суперлигаш Шангај Шенхуа е на чекор од доведување на прочуениот напапач Карлос Тевез.

Овој кинески клуб по кој знае кој пат е спремен да вложи огромни пари да ги придобие фудбалските ѕвезди, а Тевез дефинитивно ќе биде најголем од нив.

За Шангај веќе сега настапуваат Фреди Гуарин, Обафеми Мартинс и Демба Ба, а на нив може да се придружи и 32-годишниот Аргентинец.

Шангај на Тевез нуди абнормална плата од 40 милиони евра годишно, што е блиску 3.5 милиони евра месечно!

„Вложивме огромен труд и можам да кажам дека преговорите се забрзани и дека сме во завршна фаза. Сепак, од бројни причини сеуште не можеме да го заклучиме овој трансфер. Мораме да решиме некои проблеми, а наскоро ќе бидат познати сите детали. Ќе продолжиме да се бориме со цел на нашите навивачи да соопштиме најубаво можно изненадување“, рече претседателот на клубот Ви Жијаји.

Да потсетиме, Тевез во летото 2014 година имаше понуда од Атлетико Мадрид, но се одлучи да се врати во својот матичен клуб – Бока Јуниорс.

Покрај Бока, Тевез после, па и пред него, играше за Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.

Дали сега ќе ја прифати оваа ненормална понуда од Кинезите?