Барселона и Арсенал убедливи, Левандовски со еврогол го среди Атлетико, Сити само бод против Селтик

Денес се одиграа осум натпревари од последното шесто коло од групната фаза во ЛШ.

Барселона на Камп Ноу ја декласираше Борусија Менхенгладбах, 4:0. Меси ја започна голедата. Арда Туран во второто полувреме постигна хет-трик за убедлива победа на каталонците. Арсенал на гости со 1:4 славеше против Базел, 1:4. Хет-трик на Перез и еден погодок на Ивоби во големата победа на топчиите. Евроголот од слободен удар на Роберт Левандовски беше доволен за победа на Баерн Минхен на Алијанц Арена против Атлетико Мадрид, 1:0. Наполи со 1:2 на гости ја совлада Бенфика. Каљехон и Мертенс му ја донесоа победата на Наполи.

Дебакл на Бешикташ во Романија против Динамо Букурешт, 6:0. Манчестер Сити и Селтик на Итихад ги поделија бодовите, 1:1. Робертс во четврта минута погоди за водство на Селтик, а Сити преку Ихеаначо израмни четири минути подоцна. Ди Марија го спаси ПСЖ од пораз против Лудогорец, 2:2. ПСВ и Ростов одиграа без погдоци, 0:0.

Барселона, Манчестер Сити, Арсенал, ПСЖ, Бенфика, Наполи, Атлетико Мадрид и Баерн Минхен се пласираа во 1/8 финале. Борусија Менхенгладбах, Лудогорец, Бешикташ и Ростов се изборија за место во ЛЕ.