Чичарито со трансфер би можел да ги налути навивачите на Манчестер Јунајтед


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мексиканскиот напаѓач, Хавиер Ернандез Чичарито наскоро би можел да се врати во Премиер лигата, но не во Манчестер Јунајтед.

Како што пишуваат неколку странски медиуми, фудбалерот на Баер Леверкузен се наоѓа на метата на Ливерпул, чиј менаџер Јирген Клоп ја загубил довербата во Даниел Стариџ.

Со оглед на тоа дека Ливерпул е најголем ривал на Јунајтед, навивачите на „црвените ѓаволи“ сосема сигурно би му се налутиле на Чичарито доколку направи ваков потег, а некои веќе тоа го започнаа на Твитер.

Освен Ливерпул, за Чичарито е заинтересиран и Тотенхем, па овие два клуба, најверојатно ќе водат голема битка за неговиот потпис во јануарскиот трансфер период.