Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се ближи крајот на една голема приказна, одличниот стопер е на прагот од заминување од Реал Мадрид после цела деценија.
Се работи нормално за Пепе, кој ја поминува последната сезона на Сантијаго Бернабе.
Имено, на Португалецот на крајот на сезоната истекува договорот со Кралевите, а веќе има доста понуди кои сигурно нема да може така лесно да ги одбие.
Шпански Ас тврди дека стигна голема понуда од Кина, но и од еден англиски клуб.
Токму Островот треба да биде наредна станица, бидејќи Пепе има 33 години и понатака игра на врвно ниво.
Се очекува неговиот клуб да биде познат на почетокот на јануари корпулентниот дефанзивец ќе има право да потпише преддоговор со било кој тим.
Со оглед на неговиот квалитет и искуство и фактот дека може како слободен агент да премине во некој друг клуб, Пепе дефинитивно ќе биде бомба на зимскиот преоден рок, кога ќе биде познат неговиот нареден клуб.
Големата приказна започна пред девет години, поточно на 10 јули 2007 година кога Пепе стигна во Реал за 30 милиони евра, како најскапо платен дефанзивец во историјата на клубот.
За актуелниот европски шампион одигра 326 меча и постигна 14 голови и освои многу трофеи – три титули во Примера, две ЛШ, два Куп на Кралот, два Суперкупови на Шпанија и Европа, како и СП за клубови.