Духовитиот Клоп на свој начин зборуваше за Ловрен


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Јирген Клоп за клупскиот веб сајт зборуваше за повредените играчи.

Емре Џан треба да биде подготвен за натпреварот против Евертон во понеделник, по ударот на коленото.

„На тренингот го удри коленото со Ориџи, двајцата издржаа до крајот на тренингот, но прегледот покажа дека Емре сепак има мало оштетување на лигаментите. Болно е, но ништо повеќе од тоа“, изјави Јирген Клоп.

На крајот, менаџерот коментираше за Дејан Ловрен, кој поради повреда беше заменет во неделата.

„Тоа беше грч. Ми рече дека сака да игра, но му одговирв дека сакам и јас, но не можам веќе 20 години. Не е работата во тоа што сакаш, туку што е можно да се постигне, и одлучив да го заменам“, додаде Клоп.