„Верен сум бидејќи ги почитувам животните вредности“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон изјави дека е горд што веќе 15 години е член на Јувентус, кој одби да го напушти и кога клубот беше исфрлен во Серија Б.

Буфон во Јувентус стигна во 2001 година од Парма за рекордни 53 милиони евра.

„Верен сум на Јувентус бидејќи ги почитувам животните вредности, па така и чувството дека припаѓам тука. Сите во клубот, вклучувајќи ги играчите и навивачите, секогаш се однесуваа коректно кон мене, а и јас кон нив.“

„Се трудам да не се вознемирувам поради грешки затоа што на секој може да му се случат. Кога направив една грешка, тогаш сите почнаа да зборуваат дека сум катастрофа, дека сум стар и слично. Полесно е да се критикува бидејќи имам 38 години, но истото го правев и на 25 или 30.“