Гвардиола го убеди Браво да остане, но доведува и играч од 50 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клаудио Браво не воодушеви на почетокот на сезоната во редовите на Манчестер Сити и се погласни се шпекулациите за негово заминување, па дури и враќање во Барселона.

Сепак, Пеп Гвардиола е сигурен дека голманот ќе остане бидејќи во него има голема доверба.

„Не читам многу весници, ниту го трошам времето на Твитер, Инстаграм, Фејсбук. Зборував со Браво претходните неколку дена, како и со неговата сопруга. Се видов со него и неговата млада ќерка, но со неговата ќерка не зборував бидејќи има една година. И тој ми рече дека е многу среќен“, изјави Гвардиола.

По ова, јасно е дека одличниот Чилеанец ќе остане во Сити, а во јануари би требало да добие и голема помош.

Имено, еден од најбараните дефанзивци во светов, Вирџил Ван Дијк е мета на Сити, а управата на клубот е подготвена да му понуди дури 50 милиони евра.

Сити со доаѓањето на одличниот Холанѓанец значително би ја подобрил дефанзивата и скокот во играта, но и би му нанел тежок удар на граскиот ривал Јунајтед, како и на Ливерпул бидејќи и тие исто така се заинтересирани за фудбалерот на Саутемптон.