По намалување на казната: Реал заинтересиран за дури 13 играчи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска пристигнаа позитивни вести бидејќи арбитражниот суд им ја намалил казната за доведување на фудбалери.

Потсетуваме дека Реал поради доведување на млади фудбалери од ФИФА беше казнет со забрана за доведување на играчи, а тоа значеше дека не можеа да донесат ниту еден играч во јануари, а ни на лето.

Сепак, со намалување на казната Кралскиот клуб ќе може да донесе играчи следното лето, а тие уште од сега се во потрага по нови засилувања.

Шпанските медиуми веднаш направија листа од 13 фудбалери кои се на радарот на менаџерот Зинедин Зидан, а тие се:

Рикардо Родригез, Пјер Емерик Обамејанг, Давид Алаба, Еден Азар, Давид Де Геа, Марко Верати, Серхио Агуеро, Марко Ројс, Тибо Куртоа, Џулијан Вигл, Џулијан Дракслер, Усман Дембеле, Гелсон Мартинс.