(Видео) Преживеаниот фудбалер на Чапекоенсе излезе на теренот и доживеа овации

Алан Рушел е еден од тројцата преживеани фудбалери на Чапекоенсе во тешката авионска несреќа.

Тој сега успешно се опоравува од повредата и најави враќање на теренот.

Синоќа Рушел учествуваше и на хуманитарниот натпревар кој го организираше аргентинскиот фудбалер Андрес Д`Алесандро.

Го изведе почетниот удар на натпреварот, а потоа заедно со Д`Алесандро ги поддигна дресовите на останатите двајца преживеани, Нета и Фолман.