Силекс пред комплетирање на трансферот на Тимов


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Напаѓачот на Хоризонт Турново, Филип Тимов во јануарскиот преоден рок би можел да се пресели во Силекс.

Според последните информации клубот и фудбалерот се во завршни преговори.

Тимов во својата кариера има играно во Романија и Банантс и се очекува да биде големо засилување за кратовчани.

Овој фудбалер ќе биде доведен како замена за Игор Недељковиќ кој би можел кариерата да ја продолжи во Азија.