Мурињо не го запира трансферот на Шнајдерлин


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека нема да го запре трансферот на Морган Шнајдерлинг во друг клуб во јануарскиот трансфер период.

Францускиот репрезентативец искучително ретко добива минутажа за „црвените ѓаволи“ оваа сезона, а вчера стана јасно дека од ВБА се подготвени да платат 18 милиони фунти за играчот, а интерес за него покажа и Евертон.

„Ако тој играше редовно под мое водство, јас имам право да кажам НЕ. Штом не е така, јас немам право да го задржам. Ако понудата е добра, одговара на високата класа на Морган и бордот ја прифаќа, јас нема да се спротиставам. Тој е одличен професионалец и одлично момче“, изјави Мурињо.

Според медиумите на Островот, трансферот на Шнајдерлин во ВБА може да биде финализиран уште во следните денови.