„Благодарение на вас, моето семејство има што да јаде“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кога Самуел Ето ќе го фати микрофонот тогаш често може да очекуваме некоја бомбастична изјава, а 35-годишниот Камерунец не разочара ниту во Дубаи на доделувањето на наградата на „Глоуб Сокер“.

„Сакам нешто да му кажам на Фабио Капело кој е тука. Не добив шанса да му го кажам тоа лично, па еве сега ќе го кажам јавно. Господине Капело, благодарение на вас, моето семејство има што да јаде. Станав играч благодарение на вас.“

Ето ја започна кариерата во Реал, под водство на Капело, но без вистински шанси, па ја направи кариерата во Барселона и Интер, па потоа заработи вистинско богатство во Анжи по кој играше во Челси, Евертон и Сампдорија.

„Господине Инфантино, ја имате мојата голема поддршка со идејата за 48 репрезентации на СП. Африканските земји, но и останатите сиромашни земји ќе имаат шанса сега да играат на СП.“