Ерера објасни зошто го исмејувале соиграчите oд Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Андер Ерера одлучи да им открие на англискитe медиуми една интересна пирказна за деновите кога прв пат пристигна на „Олд Трафорд“.

Ерера во Манчестер Јунајтед пристигна од редовите на Атлетик Билбао и брзо успеа да освои место во тимот. Сепак, шпанскиот репрезентативец призна дека не му било лесно да се прилагоди во новата средина, а особено му било тешко кога го исмејувале соиграчите од Јунајтед.

„Имам многу добра приказна од времето кога пристигнав во Јунајтед. Јас уште од мојата осма година имам речиси иста постелнина и тоа ги шокира моите соиграчи. Тие беа изненадени што имам постелнина како некое дете и навистина многу брутално ме исмејуваа поради тоа“, изјави Ерера.

Сепак, шпанскиот фудбалер призна дека ситуацијата сега е многу подобра бидејќи неговите соиграчи се навикнале на тоа. Ерера додаде дека единствениот проблем е кога ќе пристигне некој нов играч.