„Моторот на Рено ќе биде многу поагресивен наредната година!“

Еден од директорите на Ф1 тимот Рено, Сирил Абитебул изјави дека моторот за наредната сезона ќе биде поагресивен.

Рено не се прослави оваа сезона, но е направен 5-годишен план. Исто така, доведен е еден од најдобрите возачи, а тоа е Нико Хулкенберг.

„Не сакавме ништо старо, се одлучивме за нов и агресивен концепт. Сакаме да направиме големи чекори во наредните три, четири години. Имаме некои идеи, но ништо од тоа не е тестирано на патеката.“

Тој изјави и дека крајната цел е Рено да го има најдобриот мотор и до 2021 година да ја освои титулата.