Гвардиола тргнува во акција: Го доведува својот миленик од Баерн?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп Гвардиола со Манчестер Сити е далеку од врвот во Премиер лигата и на големо размислува за засилувања.

Англиските медиуми тврдат дека прв на радарот е дефанзивецот на Баерн, Холгер Бадштубер.

27-годишниот германски репрезентативец не е во првиот план под водство на Карло Анчелоти, бидејќи бројните повреди му ја уназадија кариерата.

Се проценува дека Граѓаните се подготвени да понудат три милиони евра на германскиот шампион, што би требало да биде доволно.