„Кога би кажал што мислам за судиите…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Челси, Диего Коста е познат по темпераментот, па често судиите го казнуваат. Тој не сака да го подели своето мислење за судиите за да не дојде во проблеми.

„Не сакам да го кажам своето мислење за англиските судии, бидејќи би добил суспензија од 3 до 4 натпревари.“

Прашањето следуваше по најновите критики на сметка на судиите, кои ги испратија Гвардиола и Мурињо.

Коста овој пат пропушти шанса да ги нападне судиите, бидејќи во последно време се смири. Тој во првите 6 натпревари во ПЛ доби 4 жолти картони, но потоа во дури 10 натпревари стигна до 1 жолт картон.

Шпанецот од доаѓањето во Челси беше под казна 7 пати, а три пати беше казнет поради инцидент „без топка“.