Фудбалерот на Челси ја прифати богатата понуда од Кина


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Уште еден фудбалер на Челси кариерата ќе ја продолжи во Кина.

Нигериецот Џон Оби Микел одлучи да ја прифати понудата на Тианџин Теда која му понуди 165 илјади евра месечно.

Овој 29-годишен фудбалер во последен час се предомисли што се однесува на трансферот. Се знаеше дека ќе го напушти Челси, а беше на чекор од потпис за шпанската Валенсија.

Сепак, на крајот Микел се предомисли. Одлучи наместо трансфер на Местаља да ги прифати кинеските пари.

Нигерискиот фудбалер го носеше дресот на сините последните 10 години. Оваа сезона не доби ниту една секунда за игра кај Антонио Конте и одлучи да замине.

Микел ќе биде вториот фудбалер на Челси кој ќе замине во Кина после Оскар кој потпиша за Шангај СИПГ.