После 29 години Гигс го напушта Манчестер Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот Рајан Гигс ќе го напушти Манчестер Јунајтед после 29 години, Велашенцот ја одби понудата од Жозе Мурињо за помошник тренер, па поради тоа ќе го напушти тимот во кој помина три децении.

Гигс на “Црвените ѓаволи” им се придружи во 1987 година кога имаше 14 години. Стана апсолутна легенда на “Олд Трафорд” каде што стана играч со најмногу настапи.

Одигра вкупно 963 натпревари и со години беше неизоставен дел од првиот тим на Јунајтед. Ги освои сите можни трофеи, од кои 15 во Премиер лигата, четири во ФА Купот, две во Лигата на шампионите…

Рајан во текот на кариерата постигна 168 погодоци за клубот во кој дебитираше 1990 година и каде што ја заврши играчката кариера во 2014 година.

После завршувањето на кариерата беше помошник на Дејвид Мојс и Луис Ван Гал, но иако кај Мурињо имаше понуда за истата позиција одлучи да ја одбие и да го напушти клубот.
Се очекува Гигс да започне самостојна тренерска кариера, а првата работа после напуштањето на Јунајтед ќе ја има во телевизиско студио каде што ќе биде стручен аналитичар за натпреварите од ЕП.