Евролига: Олимпијакос подобар во грчкото дерби


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вечерва се играше натпреварот помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос, а Олимпијакос победи со 77:69.

Домашниот тим по првата ¼-на имаше водство од 17:11, а до полувреме Панатинаикос се врати во игра, па на пауза се замина со 38:37 за домаќините.

Потоа следуваше подобра игра на Олимпијакос и на крајот победа во натпреварот.

Најдобар играч на Олимпијакос беше Папапетру со 13 поени, а го следеа Спанулис со 12 и Бирч со 11 поени.

Панатинаикос на овој натпревар имаше само 6 стрелци и тоа 3 кои постигнаа 57 од 69 поени. Џејмс постигна 23, Риверс 23 и Синглетон 10 поени.

Ова за Олимпијакос беше 11-та победа во Евролигата, а за Панатинаикос 7-ми пораз.