Мацари тргнува по првото засилување


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Вотфорд сака подолго време да се задржи во Премиер лигата, поради тоа веќе започнаа со припремите за новата сезона.

Валтер Мацари е поставен шеф на стручниот штаб, а сега управата на Вотфорд започна со склопувањето на тимот за наредната сезона.

Имено, на мета на клубот е десниот бек, Бруно Перес од Торино, јавува “Скај Спорт”.

Перес своеремено важеше за желба на Карло Анчелоти кога веќе беше познато дека Италијанецот ќе го превземе Баерн.
Бразилецот минатата сезона воодушеви многу клубови низ Европа, тој на 31 настап во бразилската серија а постигна три гола и запиша три асистнеции.

Се очекува англискиот клуб да испрати понуда од 12 милиони евра.