Нека одбијат Милан и Тотенхем – Баерн се прашува


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


А баварците го сакаат Федерико Бернардески.

„Бернардески е чудесен фудбалер. Игра на неколку позиции во средината на теренот, а има постигнато 10 погодоци. Тој е нешто помеѓу десетка и единаесетка, ќе кажам десетка и пол. Ја има моќта и прецизноста на ударот како Аријен Робен“, изјави легендата на Фиорентина, Џанкарло Антонјони.

Изгледа дека слушнаа во Минхен. Кориере Дела Сера соопшти дека Баерн се вклучи во потписот за 22-годишниот фудбалер.

Уште пред Нова Година најмногу се зборуваше за ПСЖ и пред се Челси, па потоа се пишуваше на Апенините дека Фиорентина му понудила нов договор со кој ќе ја зголеми откупната клаузула на 100 милиони евра. Последните денови најчесто е споменуван Милан, англичаните пишат за понуда од Тотенхем во вредност од 47 милиони, но…

Ако Баерн тргне во напад сите останати можат само да се повлечат. А тука е и Карло Анчелоти за Бернардески како италијанец да не се чувствува осамено на Алијанц Арена.