Сите се пакуваат за пат во Кина – А тој гледа што побрзо да избега од таму!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Додека сите пакуваат куферите и заминуваат за Кина, има некој и кој што сака да бега од таа земја.

Поранешниот напаѓач на Севиља, Порто, Рен и Сао Паоло, Луис Фабиано го советувал својот агент да го раскине неговиот договор со кинескиот второлигаш Тијанџин.

Кина му здосади уште во октомври минатата година кога изјави дека сака да замине и кариерата да ја заврши таму каде што ја започна, во бразилскиот клуб  Понте Прети.

Пред два месеци наполни 36 години но сеуште нема намера да се пензионира од играњето фудбал.