„Кога гледам што прават Роналдињо и Пирло сфаќам дека сум навреда за фудбалот“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Милан, Џенаро Гатусо денес го прославува 39-от роденден.

Гатусо во текот на фудбалската кариера имаше неколку интересни изјави, а еве ги најинтересните.

„Кога гледам што прават Роналдињо и Пирло сфаќам дека сум навреда за фудбалот“

„Не сум Бред Пит, но неколку пати имам видено погрд човек од мене.“

„Ако Липи ме елиминира од репрезентација ќе се врзам со синџири за автобус, нема лесно да ме одврзете.“

„Што правам кога ќе изгубам? Одам дома, правам сендвич и се претворам дека е тој е противникот кој ме победи.“

„Не сме англичани да правиме пречек за второ место. Пред финалето на мундијалот во Берлин бев толку нервозан што 28 пати отидов во тоалет.“

„Кака е феномен. Ако не му ја дадат Златната топка, јас ќе му купам една.“

„Побрзо би се убил отколку да наместам натпревар, Би им ги скршил нозете на соиграчите кои тоа ќе го направат.“

„Немојте овој Пирло да ве излаже со фацата анѓел. Ми го украде телефонот и му испрати порака на Галијани дека му ја нудам сестра ми.“

„Ме запре швајцарска полиција, не ми бараа мито, одлучив да се преселам овде.“

„Како да го чувате Меси? Ако немаш пиштол удри го, но не верувам дека тоа ќе помогне.“