Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Проблемот не е неговиот квалитет. Во Мадрид се заинтересирани, но сакаат да бидат сигурни.
За Хави Мартинез нема повеќе место во Баерн, неговиот престој го помина со повреди, а звучи неверојатно податокот дека поради тоа пропушти 90 натпревари.
Но, баскиецот оваа сезона е здрав, собра 20 натпревари, но Баерн сака да го продаде.
Реал Мадрид на лето ќе бара замена за Пепе кој после една деценија го напушта клубот, а во игра се неколку дефанзивци. Хави Мартинез е добар избор со тоа што може да игра и на позицијата дефанзивен фудбалер за врска.
Поради тоа се заинтересирани кралевите, но тие ќе ја почекаат пролетта да видат дали баскиецот ќе издржи односно дали ќе остане здрав.
Во тој случај постои простор за договор, Хави Мартинез беше платен 40 милиони евра и Баерн сака да ги врати тие пари, но тешко е за верување дека Реал толку ќе плати бидејќи овој фудбалер не е повеќе млад, има 28 години.