„Му се восхитувам на Тери, но тој нема да дојде кај нас“

Тренерот на Бурнмут, Еди Хау демантираше дека Тери ќе дојде во нивниот тим.

Бурнмут наводно бил опција за Тери, но тренерот тоа го негираше, а и самиот Тери претходно одби можност да се пресели таму.

Тери е свесен дека кај Конте нема место за него, но на него целта му е до крајот на сезоната да биде во Лондон.

„Нема преговори со Челси. Му се восхитувам на Тери, тој е голем фудбалер, еден од најдобрите дефанзивци. Сепак, немаше разговори за било каков договор со Челси.“

Тери во сите натпреварувања за Челси одигра 711 натпревари, освои 4 титули во ПЛ, Лига на Шампиони, ЛЕ, пет ФА купови и три Лига купови.