Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес со почеток од 21:00 часот се одигра четвртфиналниот натпревар од Европското првенство помеѓу репрезентациите на Велс и Белгија.
Откако вчера го добивме првиот полуфиналист, денес на Португалија и се придружи и репрезентацијата Велс.
Натпреварот не започна добро за Бејл и соиграчите. Фудбалерот на Рома, Раџа Наинголан испрати вистинска бомба кон голот на Тибо Куртоа во 13 минутата, а овој беше немоќен. Сепак, Велс не се откажа продолжи со добрата игра како и во претходните натпревари, а тоа им се исплатеше веќе во 31 минута кога Вилијамс изедначи на 1:1, тоа беше и резултатот со кој се замина на полувреме.
После 10 минути игра во вториот дел Велс успеа да направи и целосен пресврт, а стрелец на голот беше Робсон Кану. Конечните 3:1 ги постави Вокс во 86 кој во игра влезе во 80 минута токму на местото на Кану.
Во полуфиналете Велс ќе игра против Португалија, а тоа значи дека ќе ги гледаме ѕвездите на Реал Мадрид, Герет Бејл и Кристијано Роналдо, еден против друг.