Манчестер Јунајтед по 11 години го сруши рекордот на Реал

Според податоците на медиумите, Јунајтед во минатата сезона оствари најмногу приходи од сите клубови во светот.

Медиумите објавија дека Манчестер Јунајтед во сезоната 2015/16 бил најбогат клуб поради нивните приходи.

Тие така го надминаа досегашниот лидер Реал Мадрид, кој по деценија падна на 3-то место, а тие се подобри и од Барселона која е на второто место.

Во минатата сезона Јунајтед од приходи добил рекордни 515.3 милиони фунти, односно 689 милиони евра, а тоа е најмногу досега во историјата на сите фудбалски клубови. Барселона е на второ место со 620.2 милиони евра и Реал на трето со 620.1 милион евра.

Клубот од Манчестер стигна до првата позиција, прв пат по 2003/2004 година кога достигна приходи од 100 милиони евра.

Реал Мадрид така по 11 години е симнат од врвот, иако прв пат ја помина границата од 600 милиони евра.

На 4-то место е Баерн со 592 милиони евра, а следуваат Сити со 524.9. ПСЖ падна за две позиции на 6-то место, а во топ 10 се уште 3 клубови од Англија, односно Арсенал, Челси и Ливерпул. Топ 10 го пополнува и Јувентус.

ПЛ вкупно има 8 клубови помеѓу 20-те најбогати. Меѓу нив се Вест Хем и Лестер. Вкупниот приход од првите 20 клубови е 7.4 милијарди евра.