Колина именуван за претседател на судиската комисија на ФИФА


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот судија Пјерлуиџи Колина е именуван денеска за претседател на судиската комисија на Светската фудбалска федерација (ФИФА), соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Италија (ФИЦГ).

Колина, кој е и актуелен шеф за судењето во Европската фудбалска унија (УЕФА), на новата функција во ФИФА ќе го замени Шпанецот Анхел Марија Виљар Љоња, наведува ФИЦГ во соопштението.

Судиската комисија на Светската фудбалска федерација ги „применува и толкува правилата“ на фудбалот, може и да предложи потребни измени на правилата на Извршниот одбор на таа организација, а истотака и да делегира арбитри за натпреварите во организација на светската куќа на фудбалот.

Колина (56) долго е сметан за еден од најдобрите судии на светот. Тој судиската кариера ја заврши во 2005 година, а најголемиот успех во кариерата му е додење на правдата во финалето на СП во 2002 година.