Сан Антонио го сруши шампионот – Рекордна вечер на Леонард

Минатата НБА ноќ помина во знак на на Леонард со рекородот на кариерата.

Најдобриот играч на Сан Антонио беше најзаслужен за победата на Сан Антонио против Кливленд со 118:115 по продолженија, а Леонард постигна 41 поен, 6 скокови и 5 асистенции. Одличен беше и ЛеМаркус Алдриџ со 16 пени и 12 скокови.

Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг постигнаа по 29 поени, а Џејмс имаше и 7 асистенции и 6 скокови.

Хјустон успеа да го победи Мемфис со 119:95 со добра игра на Џејмс Харден . Тој постигна 29 поени, 10 асистенции и 6 скокови. Најдобар кај домаќинот беше Гасол со 32 поени.

Многу возбудувања беа видени и во натпреварот помеѓу Детроит и Вашингтон кога домаќинот стигна до победата во последните секунди со 113:112, благодарение на Маркус Морис кој погоди во последните секунди.

Останати натпревари:

Атланта – Филаделфија 110:93
Шарлот – Бруклин 112:105
Мајами – Милвоки 109:97
Њујорк – Феникс 105:107
Чикаго – Сакраменто 102:99
Денвер – Клиперс 123:98
Јута – Индијана 109:100
Бостон – Портланд 123:127