Минимална победа на Наполи – Каљехон ја сруши Фиорентина (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Наполи победија на Сан Паоло минимално против Фиорентина во натпревар од четвртфиналето на купот на Италија.

Во првото полувреме мируваа мрежите. Единствениот погодок на натпреварот го видовме во 71-ва минута кога Каљехон со глава на асистенција на Хамшик ја затресе мрежата на Фиорентина. Пред крајот на натпреварот Хисај доби црвен картон и Наполи остана со 10 фудбалери на теренот. Исто така и Фиорентина го заврши натпреварот со десет фудбалери бидејќи Оливера доби црвен картон.

На крајот Наполи победи со 1:0 и се пласира во полуфинале.