Челси треба добро да размисли – Стигнаа три понуди за Фабрегас?!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Италија би можела да биде наредна дестинација за овој фудбалер.

Фабрегас игра добро оваа сезона, но нема место за него во системот на Конте, па најчесто тој влегува како замена.

Шпанецот и Матиќ често ротираат, па Фабрегас скоро секогаш е во втор план.

Поради тоа, Шпанецот покажа незадоволство. Се споменуваше дека би можел да го напушти клубот, а сега 3 тимови покажаа интерес за него.

Три гиганти од Серија А најверојатно наскоро ќе испратат понуди за неговите услуги, а тоа се Милан, Интер и Јувентус.

Фабрегас одигра 13 натпревари за Челси во ПЛ, а започна само 5 натпревари и постигна 1 гол и 6 асистенции.