Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА натпреварувањето го претстави на заседанието на својот Извршен одбор во Нион и оцени дека тоа ќе ги замени речиси сите пријателски натпревари.
Европската фудбалска унија (УЕФА) го претстави денеска новото натпреварување на репрезентациите наречено Лига на нациите, кое треба да почне од 2018 година.
Во Лига на нациите ќе учествуваат 55 репрезентации, кои ќе бидат поделени во четири квалитетни класи (А-Б-Ц-Д), а секоја од нив од три до четири подгрупи со три или четири репрезентации.
Во најсилниот ранг ќе учествуваат 12 репрезентации поделени во четири групи, чии победници ќе изборат пласман на завршниот турнир на Лига на нациите во 2019 година.
Класите ќе се потполнуваат на основа на ранг – листата на УЕФА од ноември во оваа година.
Македонија моментално се наоѓа на 162 место на таа листа.
Најдобриот од секоја класа се преселува во повисок ранг а најслабиот испаѓа, додека четирите најдобри тимови од Лига на нацијата ќе изборат пласман на ЕП во 2020 година.
„Подмладувањето на репрезентативниот фудбал дојде со желба од УЕФА, и поготово од нивниот претседател, да го унапредиме квалитетот и угледот на репрезентативниот фудбал. Постои таква желкба од националните сојузи да се донесе повеќе спортскиот значај во репрезентативниот фудбал, а сојузите, тренерите, играчите и навивачите се повеќе мислат дека пријателските натпревари не донесуваат адекватно натпреварување на националните тимови“, наведе УЕФА во образложението на одлуката.
Во доигрувањето за четири места што водат на ЕП во 2020. Учествуваат 16 тимови, односно победниците на секоја група во најквалитетните класи. Ако пласма на ЕВРО преку Лига на нациите изборат екипи кои се пласирале по пат на редовните квалификации, тогаш квалификациите се префрлуваат на следната екипа по пласманот.
Пласман на ЕП ќе избори по една репрезентација од класите А до Д.
Натпреварите по групи во Лига на нациите ќе се играат во септември, октомври и ноеврми 2018 година, во веќе постоечките репрезентативни термини. Секоја репрезентација ќе игра по еден натпрервар во квалификаците за ЕП, а другиот во Лига на нациите.
ЕП во 2020 година по прв пат во ќе се игра во 13 различни земји и така ќе се одбележи 60 години од ова натпреварување.
Мечевите ќе се играат во: Амстердам, Баку, Билбао, Брисел, Будимпешта, Букурешт, Даблин, Глазгов, Копенхаген, Минхен, Рим и Санк Петерзбурбг. Полуфиналето и финалето ќе се игра на лондонски Вембли.