„Ме повика Клоп, Ливерпул сака да се вратам“

Стивен Џерард тврди дека во Ливерпул сакаат да им се врати.

Играчот за врска на Лос Анџелес Галакси призна дека наскоро ќе ја заврши својата играчка кариера.

„Не е стопосто сигурно, но ова може да биде моја последна сезона како играч. Имав разговор со Клоп, Ливерпул сака да се вратам“, откри Џерард, и додаде:

“Големи се шансите да станам тренер. Ако можам да бирам, би сакал да бидам во Ливерпул или во англиската репрезентација“.