„Не ми е сеедно, медалот веќе го вратив“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот спринтер Усаин Болт беше принуден да ја врати златната медала која ја освои на ОИ во Пекинг на 4 по 100 метри.

МОК одлучи да и ја одземе медалата на Јамајка поради позитивниот допинг тест на Неста Картер, а тоа најмногу го чинеше Усаин Болт.

Најбрзиот човек на сите времиња остана без една од 9-те златни медали на ОИ.

„Не сум среќен поради тоа, но веќе го вратив медалот. Тешко ми е поради се, но тоа нема да ми ги расипе плановите за оваа ситуација. Имам уште многу да покажам. Уште сум прв и направив нешто што никој нема направено, освоив по 3 златни медали на 100 и 200 метри.“