Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Роналдињо изјави дека во иднина не се гледа во тренерските води.
Роналдињо одамна заврши со сериозниот фудбал и се очекуваше во скоро време да влезе во тренерските води, но тој смета дека не е за таква работа.
„Не можам да гледам 90 минути натпревар, бидеќи страдам. Сакам да ги гледам најдобрите моменти, голови. Поради тоа никогаш не би можел да станам тренер.“
Роналдињо имаше понуда да се врати во фудбалот и да заигра за Коритиба.
Бразилскиот клуб на крајот му се заблагодари поради причина што тој има намера да се врати во Барселона и тоа како амбасадор на клубот.
Во минатото Роналдињо одигра преку 200 натпревари за Барселона.