Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо имаше многу интересен настап пред новинарите денеска.
Црвените ѓаволи се спремаат за мечот од 24 коло од Премиер лигата против Лестер, но Мурињо повторно се наврати на ремито против Хал во средата на Олд Трафорд.
Јунајтед има доста проблеми со реализацијата и 33 гола во 23 натпревари не ги прави задоволни.
Новинарите сметаат дека Златан Ибрахимовиќ е одговорен за лошата реализација, но Мурињо застана во одбрана на искусниот напаѓач.
„Имаме одлични офанзивци, имаат целосна слобода во играта, но не постигнуваме доволно голови. Кога ќе го погледнете бројот на голоти кои ги постигнавме, ќе видите дека треба повеќе од напаѓачите.
Не е Златан виновен што не ни свират многу работи. Тој постигна 14 голови и изведе само еден пенал во 31 меч што ги одигра во Англија. Има и други фактори освен нашата реализација“, рече Мурињо.
Наредниот ривал на Црвените ѓаволи е актуелниот шампион Лестер. Мечот се игра во недела, а дуелот е многу важен за двата тима и реми доста ќе им го отежни остатокот на сезоната, додека победникот ќе добие многу. Јунајтед моментално е на шестото место со 42 бода, а Лестер е на 16 место со 21 бод.