Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон сеуште нема намера да се пензионира.
Иако има 39 години, тој сеуште брани одлично на голот на Јувентус и нема намера да замине.
Менаџерот на познатиот голман Силвано Мартина откри дека Буфон уште долго ќе го гледаме помеѓу стативите.
„Тој сака да брани на СП 2018 година. Познавајќи го неговиот дух, форма и љубов кон фудбалот, многу е можно да ја продолжи кариерата и после тоа.“
Мартина смета дека нема да дојде Донарума во тимот на Јувентус.
„Не е лесно да се земат играчи на тим како Милан. Сите зборуваат за заминување, но Донарума сака да остане во тимот кој го сака. Се може да се случи, но сметам дека тој ќе остане во Милан.“
Буфон во Јувентус стигна во 1999 година кога стигна од Парма.